x

После фијаското во Цвајте: Хамбургер се збогува со девет фудбалери

Откако Хамбургер се сопна во финишот на шампионатот во втората Бундес лига, презема нови ригорозни мерки. После разочарувачкиот финиш на сезоната раководството на некогашниот германски и европски шампион се збогува со девет фудбалери: Криштоф Мориц, Жаиро Самперио, Тимо Летшерт и Киријакос Пападопулос. Нивните договори истекоа на 30 јуни и ХСВ одлучи да не им ги продолжи.

Освен тоа ХСВ се раздели и со Адријан Феин, Мартин Харник, Џоел Похјанпало, Џордан Бејер и Луис Шауб на кои им истече позајмицата и сите се вратија во своите клубови.

Така Хамбургер во текот на летото ќе прави нова реконструкција на екипата, па во идната сезона да тргне сигурно да не трепери до последните кола како што беше случај во претходните две сезони и кога во двата случаи остануваше со празни раце.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата