Ава Карабатиќ, поранешна ријалити учесничка, старлета и поранешна водителка, последнтие неколку месеци циркулира во медиумите, привлекувајќи внимание со своите голи слики и објави на социјалните мрежи, сакајќи да заработи од својот изглед, но  тука не застана. Овој пат, отиде чекор подалеку.

Познатата старлета реши повторно да ги израдува своите следбеници, па затоа јавно ги извести дека патува за Австрија и започнува нов бизнис. Според нејзината преписка, може да се види дека таа била во контакт со познат научник каде разменувале пораки преку Инстаграм:

Старлетата на социјалните медиуми напиша дека е шокирана:

– Бев шокирана, нема да верувате кој ме побара! Се селам во Австрија и станувам научник. Наскоро нов изум! Ова е пресврт во мојот живот – напиша Ава на својот Инстаграм профил.

Преписката на старлетата со „познатиот научник“ предизвика огромни реакции од фановите.