Доскорешниот претседател на општинскиот огранок на СДСМ во Дебар Неџат Мимидиноски ја напушти партијата и премина во ДУИ.

Преминот доаѓа во време кога двете партии водат сериозна борба за превласт кај албанското гласачко тело, откако продолжи да расте разликата со која СДСМ губи кај македонските гласачи во однос на ВМРО-ДПМНЕ. Веста за преминот беше најавена вчера од страна на Артин Спахиу, локалниот водач на ДУИ.

Мимидиноски никогаш не ги наруши односите со ДУИ, и кога беше во во опозиција и на власт, а сега продолжуваме заедно под чадорот на ДУИ, за целосна еднаквост и за првиот премиер Албанец, порача Спахиу

Инаку, вчера и претседателот на Советот на Општина Арачиново од СДСМ му се приклучи на Алијансата за Албанците.