Откако вчера го затвори ноќниот клуб „Аватар“ во Струмица, Државниот пазарен инспекторат го затвори и градскиот базен во Виница.

Причина за тоа е забавата која се одржа изминатиот викенд на која присуствуваа голем број луѓе, а не се почитуваа протоколите за работа и здравствените мерки.

Базенот ќе биде затворен во наредните десет дена, а против сопствениците е поднесена пријава.

Јавното обвинителство веќе поднесе пријава и за ноќниот клуб „Калипсо“ од Прилеп.