Колку одењето во болница, кога ќе добиете корона е тешко, толку се чини дека опоравувањето дома е уште потешко… Ве испраќаат со кесе полно со лекови и список на кој пишува кога што се пие. Изгледа како равенка која морате да ја решите па да знаете кога е време за некоја таблета. А секој ден се пијат по една полна дланка.

Мој пријател вчера излезе од болница после две недели, каде лежеше како полесен пациент заразн со корона вирус. Додека таму терапијата се сведувала на две инфузии дневно, калимум поради хидратација след температура и кислород како би сатурацијата не би паднала под 98, дома терапијата е поразлична.

Откако тестот потврдил дека е негативен на корона, дошло време да го напушти болничкиот кревет. Но не како здрав човек, туку некој кој ќе мора во следните 30 дена да зема сериозна доза лекови.

Сега му држиме палци да не стане таблетоман.

Покрај редовна терапија која ја прима за срце, сега добил цела дланка таблети и лист хартија на која пишува кога што да пие. Човек да се изгуби. Половина час пред појадок, со доручок, два часа пред ручек, нешто после ручек, меѓу ручек и вечера, навечер пред спиење… И се така во наредните 30 дена додека малку не закрепне.

Само еден лек доби “внимание“ од цел лист А4 формат харија, на која е заокружено по датуми кога и колку доза треба да испие.

Вториот лист подразбира сатница за сите останати лекови, така што наредниот период ќе му се сведе на гледање во саат како не би ја пропуштил терапијата.

После испиена терапија закажана му е контрола кај избран лекар кој ќе утврди во однос на неговата состојба дали треба да продолжи со терапија или на короната конечно и дошол крајот.