Нов изглед или само боја на коса? Претседателот на Соединетите држави, Доналд Трамп, го привлече вниманието на прес конференција, каде зборуваше за тоа како одговорила   неговата администрација на коронавирусот.

Она што паѓаше во очи беше фактот дека косата на Трамп од жолтата боја која ја држеше во последните години, беше трансформирана во елегантно сива скоро платинеста боја.

Сликите на „сивиот Трамп“ станаа вирални на Интернет додека вработените кои се грижат за неговиот имиџ не ја коментираа промената.