x

После две сушни години, шампионската титула се врати во Пиреј

Фудбалерите на Олимпијакос ја заверија шампионската титула во Грција откако и математички станаа недостижни на врвот на табелата, со дури 22 бода предност во однос на вториот АЕК. Најдоминантниот грчки клуб во претходните две сезони беше во проблеми, титулите ги освојуваа АЕК во 2018 и ПАОК во 2019, но оваа година португалскиот стручњак Педро Мартинс ги фокусира своите играчи кон врвот и успеаа во мисијата.

Ова е инаку 45. шампионска титула за Олимпијакос.

Сепак, грчкиот шампион има шанса за уште еден трофеј. Се уште е во Лигата на Европа и во август го игра реваншот против Вулверхемптон (првиот меч беше 1:1). А претходно екипата на Мартинс го исфрли Арсенал.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата