x

После две операции Федерер се враќа на тенисот

federet

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, се враќа на тенисот следниот месец, после две операции на коленото. На терените можеби ќе го гледаме веќе во август, рече неговиот тренер.

„Роџер е добро. Многу добро, но тоа не е изненадувачки кога знаете дека тој секогаш гледа на позитивната страна на работите. Почна тренинзи за сила со Пјер Паганини. Следниот чекор ќе биде на крајот на средината на август, кога ќе почне повторно да тренира тенис“, вели неговиот тренер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата