x

Последно збогум: ЦеВка беше вистински вљубеник во кошарката, пример за сите – легенда

screenshot_20200820-013841_facebook

Македонската кошарка остана беше уште едно големо име, вчера на 64. годишна возраст згасна животот на Драган Василов.

Популарниот ЦеВка е еден од најдобрите тренери во младинските категории на сите времиња кај нас низ неговите раце поминаа бројни познати кошаркари и македонски репрезентативци, пред сè од школата на Работнички, како Перо Антиќ, Емил Рајковиќ, Ѓорѓи Чековски, Александар Јончевски, а во младинските селекции и Димитар Мираковски, Златко Гоцевски, Александар Антиќ, Кирил Павловски…

Денеска кошаркарскиот свет преку социјалните мрежи се збогуваше со големиот пријател. Василов беше инспирација за сите тренерите,  тој беше вистински вљубеник во кошарката, неговата ведрина, позитивност и професионалност засекогаш ќе остане запаметена.

Редакцијата на СПОРТМЕДИА изразува најискрено сочувство до семејството на Драган Василов – Цевка.

Во продолжение ви пренесуваме дел од пораките на клубовите, пријателите, тренерите, кошаркарите…


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата