x

Последно есенско коло од ПМФЛ: Кој ќе презими како втор, Македонија ЃП или Шкупи?

vardar-skupi-3

Пред последното есенско коло кое денеска со почеток во 13 часот се игра низ терените ширум Македонија, останува се чини само една непозната. Кој ќе презими на втората позиција?

За тоа второ место, кое не значи многу, се борат два тима: Македонија ЃП и Шкупи. Двата тима денеска наидуваат на „мини“.

Македонија ЃП ја пречекува Ренова, екипа која знае да одигра на резултат, знае што сака. Особено по доаѓањето на Османи, малку се крена тимот, па се очекува една цврста битка, со многу борба. Македонија ЃП, пак, освен убедливиот пораз од Шкендија, на другите мечеви се покажа во добро издание. На свој терен игра добро, може да победи секого.

Шкупи, пак, игра против Струга Трим Лум. Исто така незгоден противник кој може да направи проблеми, тим кој добро се брани и тим кој знае често да ја чува својата мрежа недопрена.

Во другите натпревари, Беласица на домашен терен го пречекува тимот на Вардар. Очите на јавноста се вперени токму во „црвено-црните“ особено што после ова коло, треба најтрофејниот македонски тим да добие разврска, односно дали ќе успее да „преживее“, или ќе биде оставен на милост и немилост. Вчера најавивме дека Васоски веќе има кренато раце, и ова ќе му биде последен дуел на клупата на „црвено-црните“. И не само на него, туку и повеќе од 90% од овие играчи кои сега се дел од „црвено-црните“.

Силекс на домашен терен го пречекува составот на Академија Пандев. Двата тима во последно време се во форма „топло – ладно“, и тука исто така се очекува интересна битка.

Работнички на „Арената“ го чека Борец во обид да победи и да фати приклучок кон средината на табелата пред зимската пауза, а Шкендија се чини не би требало да има проблеми во мечот со Пелистер кој го игра во Тетово, и да дојде до нова победа, и до бетонирање на првото место.

ПРВА ЛИГА, 18 КОЛО

ДВОЈКИ

Шкупи – Струга ТЛ

Македонија ЃП – Ренова

Беласица – Вардар

Работнички – Борец

Шкендија – Пелистер

Силекс – Ак. Пандев

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата