Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 16,526.409 лица. Од нив починале 653.971, а оздравеле 10.115.994 лица.

– Во Бразил, потврдени се 24.575 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, а други 555 лица починале. Повеќе од 2,4 милиони луѓе се заразени во Бразил од почетокот на епидемијата, додека 67.004 заразени починале.

– Во австралиската држава Викторија најголем број заразени лица е регистриран за еден ден од почетокот на епидемијата – 532, поради што надлежните најавија дека шестнеделниот карантин може да трае уште подолго. Пријавени се и шест смртни случаи, со што вкупниот број на жртви во Викторија достигна 77, скоро половина од сите смртни случаи во Австралија.

– Во Русија, потврдени се 5.635 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, со што вкупниот број заразени изнесува 818.120. Според официјалните податоци, дневната стапка на раст на новозаразени во последните шест дена не надминува 0,7 проценти. Уште 85 лица загинаа, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна 13.354.

– Во Индија денеска се пријавени речиси 50.000 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, а премиерот Нарендра Моди планира да отвори нови капацитети за тестирање во трите најголеми градови. Во последните 24 часа, потврдени се 49.931 нови случаи на коронавирус во таа земја, со што вкупниот број заразени достигна над 1,4 милиони. Индија е трета заразена земја во светот, но со 32.771 смртни случаи, има најниска стапка на смртност.

– Во Словенија, потврдени се пет нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, врз основа на 335 тест примероци, што е најниско дневно зголемување од крајот на јуни. Вкупниот број заразени лица во таа држава се искачи на 2.087, додека бројот на смртни случаи остана 116.

– Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 183 случаи на заразени со новиот коронавирус, а седум лица починале. Во изминатите 24 часа, во Федерацијата на БиХ 158 беа позитивни за САРС-КоВ-2. Во Федерацијата на БиХ досега биле тестирани 82.716 примероци, а САРС-КоВ-2 е потврден кај 5.943 лица. Вкупно 129 луѓе починале од коронавирусот досега. Во последните 24 часа во Република Српска вирусот е потврден кај 14 лица. Почина уште едно лице кое беше позитивно за вирусот. Досега се потврдени 4.422 случаи на коронавирус во Република Српска, а вкупно починале 156 лица. Единаесет нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во округот Брчко.

– Виетнам евакуираше 80.000 луѓе, претежно локални туристи, од централниот град Дананг, бидејќи тројца жители се тестирани позитивни за коронавирусот во текот на викендот, соопшти денеска Владата. Таа држава од Југоисточна Азија повторно е на висока приправност откако Владата во саботата објави за нови случаи на инфекција што се шири во заедницата за прв пат од април и три нови случаи во недела, сите новозаразени во градот Дананг каде воведе карантин.

– Во Хрватска се регистрирани 65 нови случаи на Ковид-19, со што бројот на заразени во таа држава достигна 855, а 142 лица се во болница, од кои девет се на респиратор. Во Хрватска 136 лица починале од почетокот на епидемијата.

– На 24 часа пред последниот пресек на состојбата во Црна Гора, лабораториите на Институтот за јавно здравје комплетираа ПЦР анализа на 407 примероци за присуство на нов коронавирус, од кои 52 беа позитивни, а не се пријавени смртни случаи. Вкупниот број на потврдени смртни случаи во Црна Гора од почетокот на јуни е 34 додека вкупниот број на активни случаи во Црна Гора во моментов е 2017.

-Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 35 нови случаи на Ковид-19, од кои четири по направените тестови на влезните точки во земјата, со што бројот на заразени се зголеми на 4.227 лица.

-Во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани три нови случаи на Ковид-19, односно 1.060 од почетокот на епидемијата.

– Во последното деноноќие во Албанија регистрани се 117 новозаразени со Ковид-19, оздравеле 63, додека починале шест лица. И понатаму главно жариште на болеста е Тирана, каде од последно дијагностицираните се дури 63 лица. Со последно направените 500, до сега во Лабораторијата за вирологија направени се вкупно 39.183 тестови. Позитивен резултат е добиен кај 4.880, оздравеле 2.745, починале 144, додека активни на болеста се 1.991 лице.Во Инфективната клиника и во болницата Ковид2 се третираат 114 пациенти,од кои 22 се во сериозна здравствена состојба.

– Во Косово вчера се регистрирани осуммина починати, 142 новозаболени и 153 случаи на лица кои резултурале излекувани откако претходно биле дијагностификувани со Ковид-19. Според овие официјални статистики, вкупно, од појавата на епидемијата на новиот коронавирус, имало 7.413 заразени, 185 починати и 4.027 излекувани, а бројката на моментално активни носители на вирусот изнесува 3.201. Вчера се извршени 404, а од почетокот на пандемијата, вкупно 34.720 тестирања.