Познатиот актер Иван Бекијарев (74) почина денеска по борба со коронавирусот. Актерот заврши на Клиниката за инфективни болести пред 10 дена бидејќи неговата состојба значително беше влошена, откако пред околу три недели беше потврдено дека е позитивен на КОВИД-19.

– Белите дробови ме болат и имам потешкотии со дишењето, се чувствувам ужасно. Со денови сум на Клиниката за инфективни болести, не сум добро, но се надевам дека наскоро ќе одам дома – рече Бекијарев за „Информер“.

Актерот за време на снимање дозна дека е позитивен на коронавирусот, па веднаш мораше да го напушти сетот и да се изолира. Се чувствуваше добро првите неколку дена, а потоа состојбата се влоши.

– Во моментов сум на инфузија и немам никакви симптоми. Пред неколку дена дознав дека сум позитивен на вирусот и веднаш престанав со снимање. Се надевам дека сè ќе оди како што треба, дека ќе ме пуштат наскоро да одам дома и дека ќе можеме да продолжиме да работиме на филмот – рече актерот пред 10 дена.

Саша Јоксимовиќ се прости од него преку социјалната мрежа Инстаграм.

– Ме научи сè, ти беше мојот втор татко. Се сеќавам кога те запознав, драг професоре во 1999 година на Академијата во 5-ката. Ти се допадна тој крик, се сеќавам. И, требаше да ја завршиме претставата сега … Требаше да ја направиме … Јас сум многу тажен. Ви благодарам за сè, професоре – напиша Јоксимовиќ на Инстаграм.