Последниот бегалски брод за спасување во Средоземното Море, „Аквариус”, прекинува со работата, рече француската НВО “Лекари без граници” (МСФ), наведувајќи го како причина вознемирувањето од Италија и од други земји.

„Крајот на нашите операции со „Аквариус” ќе значи повеќе смрт во морето, смртни случаи што може да се избегнат и без сведоци”, рече генерал-мајор Нелке Мандер, генерален директор на МСФ, доцна во четвртокот.

Одлуката да се закотви „Аквариус” е резултат на постојаната кампања за потценување, оцрнување и опструкција против МСФ и СОС Медитераниан од страна на италијанската влада поддржана од други европски земји.

Бродот беше ангажиран во февруари 2016 година и спаси речиси 30.000 луѓе во меѓународните води околу Либија, Малта и Италија. Тој остана закотвен во Марсеј од 4 октомври, откако префрли 58 мигранти на Малта за време на својата последна мисија.

извор: Makfax