x

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ: Погребот на Драган Василов ќе се одржи утре

screenshot_20200820-013841_facebook

Животот на еден од најголемите и најпочитуваните тренерски имиња во Македонија, Драган Василов Цевка, згасна вчера во Маврото. Популарниот Цевка почина на 64 години од срцев удар.

Од кошаркарската Федерација информираат дека последниот поздрав е закажан за утре.

„Пријателите, неговите соиграчи, другари, сите оние со кои ги делеше сите работи во животот ќе можат да се простат со Драган Василов во петок, на 21. август.

Неговите посмртни останки ќе бидат изложени од 11:00 до 11:30 часот, во капелата на Градските гробишта во Бутел, каде ќе биде извршен и погребот на популарниот Цевка“, се вели во известувањето на КФСМ.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата