x

Посебни протоколи за струшкиот турнир: „Ковид-тестот“ е задолжителен

struga-turnir

Струга од 12. до 16. август ќе биде во центарот на вниманието во македонската, но и европската јавност. Традиционално ќе се одржи меѓународниот турнир, на кој оваа година ќе учествуваат само македонски екипи поради пандемијата коронавирус.

Организаторот очекувано подготви посебни протоколи кои екипите мора да ги почитуваат. Пред стартот на турнирот екипите ќе мора да направат Ковид-тестови и истите да ги приложат.

Соблекувалните ќе биде забрането да се користат, нешто што треба да се практикува и за време на тренинзите на екипите. За заштита на играчите, ќе се врши редовна дезинфекција на игралиштето.

Добро е познато дека има забрана за публика, па мечевите ќе може да се следат на МТВ 3.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата