Се повеќе и повеќе станува императив да изгледате што е можно помлада, по можност како средношколка. Од сите страни ве бомбардираат слики на девојки толку млади што дури е противзаконски да им продадете цигари или да ги послужите со алкохол, а ве убедуваат дека треба да изгледате така и никако поинаку. Откако тоа ќе ви го повторат безброј пати, некако почнувате да се “честите” со најразлични средства, па дури помислувате и на естетска хирургија. Но, не морате да посегнувате по толку драстични средства за да изгледате помлади – прилично од тоа се постигнува и со вешто употребена шминка. Како и во многу работи, така и во шминкањето важи правилото, “помалку шминка е подобро”. Со многу шминка на лицето, колку и да е вешто нанесена, делувате постара. Покрај умереноста во количината шминка, постои уште едно правило – со посветла нијанса ќе изгледате помлада. На пример, кармин – со посветлите тонови ќе изгледате помладешки отколку со потемните (не обрнувајте внимание на тинејџерките со црн кармин на усните – тие сакаат да изгледаат постари). За очите, кога станува збор за нанесување линија наоколу, речиси сите користат црн молив. Тоа изгледа убаво, но ако сакате помладешки изглед, подобро користете чоколадно-кафена боја. Заборавете на геометриски нанесените сенки на капаците, затоа што тоа прави да изгледате построги и постари. Премините треба да будат исклучително благи, скоро незабележителни. Некои жени сакаат пудра-руменило. Тоа е убаво, но сепак е резервирано за помлади девојки – поефектно е да употребите светло кафенкаста боја. Така нема да изгледате дека се обидувате (безуспешно) да ги имитирате тинејџерките, туку како жена – млада, но сепак жена, а не клинка. Со неколку вешти потези со шминката, веднаш делувате помлади!