x

Португалски тренер обвинет дека го наместил мечот Атромитос – Олимпијакос?

Откако пред некој ден пишувавме за скандалот кој го тресе грчкиот фудбал и поради кој Олимпијакос може да заврши во понизок ранг на натпреварување, денеска стигна вест дека поранешниот тренер на белградска Црвена Звезда, Рикардо Са Пинто е обвинет во случајот.

Рикардо Са Пинто ги предводеше белградските „црвено-белите“ од март до јуни 2013 година, една година откако се најде на клупата на Атромитос. Белгиските медиуми пишуваат дека Португалецот е под истрага за местење на натпреварот меѓу Атромитос и Олимпијакос, кој се одигра во 2015 година, а доколку биде прогласен за виновен, се соочува со доживотна суспензија од фудбалот.

Атромитос е осомничен дека му дозволил на клубот од Пиреја да победи, а Олимпијакос подоцна ја освои титулата. Са Пинто последен пат беше тренер на Брага, но беше отпуштен во декември и оттогаш е без тренерски ангажман.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата