Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува добро.

„Би сакалa да ве информирам дека вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19. Немам симптоми и се чувствувам добро, но се тестирав заради сигурност со оглед на моите професионални, но и приватни активности. Сметав дека така е правилно и одговорно. Во текот на утрешниот ден ќе бидат тестирани и моите деца и сопруг“, напиша Кузеска на „Фејсбук“.

Во овој период, додава таа, секој мора да биде одговорен и апелира за строго почитување на мерките.

„Не 99, туку 100 % почитување на сите мерки за заштита на здравјето. Чувајте се!“, напиша Кузеска.

Вчера и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, објави дека добил позитивен тест на Ковид-19.

извор: Makfax