x

Портланд остана во игра за плеј-оф, Лилард „лансираше“ 51 поен (ВИДЕО)

lilard

Кошаркарите на Портланд одиграа одличен натпревар, ја совладаа Филаделфија со 124-121 и ја продолжија битката за место во доигрувањето.

Портланд уште на почетокот играше одлично, првата четвртина ја доби со 33-19. Но, противникот не се предаваше, во продолжение успеа да ја надокнади негативата.

Сепак Портланд не се киксна, за разлика од дуелот со Клиперс, овој пат беше на ниво на задачата во самиот финиш, и тоа благодарение на Лилард, кој ја превзема одговорноста. Покрај него, добра игра пружа и Кармело Ентони со 20 поени, на другата страна Ричардсон имаше 34 поени.

Блејзерси се наоѓаат на дветото место на табелата во Западната конференција, имаат еден пораз повеќе од Мемфис, кој ја држи осмата позиција и беше поразен од Торонто со 108-99.

Резултати: Торонто – Мемфис 108-99, Њу Орлеанс – Сан Антонио 113-122, Бостон – Орландо 122-119 (прод.), Портланд – Филаделфија 124-121, Сакраменто – Хјутон 112-129, ЛА Клиперс – Бруклин 120-129.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата