Претседателот на Украина, Петро Порошенко соопшти вечерва дека ќе предложи до парламентот во земјата, воената состојба да трае 30, наместо претходно најавените 60 дена, јави украинската амбасада во Белград.

Како што се наведува, Порошенко одлуката ја донел по консултациите со претставниците на политичките партии и со цел планираните претседателски избори во Украина непречено да се одржат во предвидениот рок, пренесе српската новинска агенција „Танјуг“.

Втора цел, како што наведуваат од амбасадата, е спречување на шпекулациите дека воената состојба се воведува со цел да се одложат изборите.

Предлогот за указот, претседателот на Украина треба да биде усвоен на вонредна седница во парламентот.

Порошенко претходно денеска потпиша указ за прогласување на воена состојба што ќе трае до 25 јануари, но на тоа се спротивставија опозициските партии, како и тројца негови претходници на функцијата шеф на државата.

извор: Makfax