Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, покажа дека не е се во парите. Тој одби да сними реклама во која ќе ги промовира игрите на среќа и алкохолот. Србинот не сака да тргне по стапките на својот колега Шпанецот Рафаел Надал, кој веќе има снимено реклама за покер, за најголемата команија за онлајн обложување “бет365“.

Менаџерот на Ѓоковиќ, Едуардо Арталди, изјави дека ваквите компании нуделе милиони долари за да го искористат тенисерот во маркетинг кампањите, но тој не сака пораката која ја праќа на младите да биде погрешна. Едуардо открива и информации за подредената положба на спортистите поради националноста и земјите кои тие ги претставуваат, а во кои се наоѓа и Ѓоковиќ.

Кога доаѓате од сиромашна земја која минала низ многу војни и тешки периоди, “странците# знаат дека немате спонзори кои би биле доволно моќни да ве финансираат, па затоа напаѓаат кон вас со секакви договори. На конкуренцијата и е лесно, Роже Федерер го има “Кредит Свис“, “Линд“, Рафаел Надал е потпомогнат од многу шпански компании. Имиџот на мојата држава не е на светско ниво, па затоа мораше да се работи десет пати повеќе од сите за да се докаже дека си добар на теренот, но и надвор, за да станеш атрактивен за спонзорите – вели Ѓоковиќ.

Менаџерот откри дека Србинот годинава ќе се врати на мастерс турнирот во Мадрид,
на кој не настапуваше поради проблемите кои ги имаше со навивачите, откако наводно глумеше повреда во дуелот со бугарскиот тенисер Григор Димитров.