Породилното боледување, најверојатно, ќе биде димензионирано на шест платени месеци и можност за уште толку неплатено отсуство. Ова според добро упатени владини извори е размислувањето околу кое се крши министерот за труд и социјална политика, Стевчо Јакимовски. На овој начин од една страна, тој донекаде ќе ги покрие барањата на работодавците за скусување на породилното од сегашните гарантирани девет месеци, а од друга ќе ги амортизира реакциите на вработените и Синдикатот. Во овој негов предлог, според нашите извори се вклопува и потребата од шестмесечно ексклузивно доење за кое се залагаат педијатрите. Во исто време, ваквото редизајнирано право на породилно отсуство ќе ги намали и трошоците. (Р.Н.)