Порно филмови на автобуска станица
Автобуските станици во Софија навечер се необично полни, а причина за таквите турканици не е доцнењето во градскиот превоз, туку тоа што на големи плазма екрани се пуштаат порно филмови.
“Преку ден на екраните се емитува возниот ред, а преку ноќ меко порно. За ова се одлучивме затоа што сакавме да им пружиме малку забава на патниците додека чекаат автобус. Еротските филмови се пуштаат само навечер, кога нема во близина деца”, објаснува преставник на јавниот превоз.
Оваа новина шокираше многу граѓани на Софија, кои меѓу другото тврдат дека полицијата ноќе помалку внимава на престапниците, бидејќи гледа филмови на станиците.