Секс-скандал го тресе српскиот град Сјеница откако градоначалниот Хазбо Мујовиќ (55) се снимал за време на секс со “русокоса“ жена, инаку службеничка во општината. На снимката јасно се гледа градоначалникот, а неколку пати во кадарот тој се појавува гол. Подоцна, камерата го снима сексот со службеничката од почеток до крај.

И покрај што јасно му се гледа лицето, Мујовиќ за српските медиуми негира дека е тој на снимката

-Тоа е лажна снимка. Тоа воопшто не ме интересира, што сакате правете. Јас си ја работам работата и друго не ме интересира. Всушност, малку реклама не е на одмет, изјавил Хазбо.

Инаку, ова не е прв сскандал во кој се нашол челникот од Сјеница. Имено, пред четири години биле обелоденети разговори со неговата љубовница. Тој тогаш тврдел дека аферата му е подметната, и дека снимките се лажни. Хазбо бил и во афера со малверзација со пари, а во 2018 и бил сменет, но набрзо бил вратен во градоначалничката фотелја во која е се до денеска.

Кој е Мујовиќ?

* Роден на 9 мај 1965 по занимање инжинер по машинство;

* 10 години е раководител на фирмата „Врело“;

* 2012. поставен на местоти претседател на Општина Сјеница;

* 2015. против него се поднесени десетина кривични пријави за малверзации;

* 2016. се најде во центарот на секс скандал;

* 2018. едногласно е сменет од врвот на СДА Сјеница и позицијата претседател на општината;

* Брзо е вратен во својата фотелја.