x

Поредокот вели: Секој секого може да победи, никој не е сигурен

Првите 11. кола во Првата лига најавуваат интересна сезона во продолжение, речиси секој секого може да победи, видовме изненадувања, па и дебитантот Академија ФМП успеа да приреди сензација.

Битката за тронот доправа станува жешка. Никој не е сигурен.

Оваа година завршува во знакот на МЗТ Скопје, барем според поредокот на табелата. Бранителот на титулата е на врвот со 20 бода, и скор од девет победи и два порази.

Второто место е за Гостивар и Еуриникел, двата тима дојдоа до важни бодови вечерва, имаат бод помалку од МЗТ Скопје и секако еден пораз повеќе. Имаа мала криза, но брзо излегоа од неа, а се чини последните победи над Работнички и Пелистер ќе бидат и тоа каков мотив за понатамошната битка.

Кожув, Работнички и Куманово ја сочинуваат „шесторката“. Исто имаа свои падови и подеми, но дефинитивно ќе треба да се промени нешто, особено во составот на „Градски парк“.

И покрај неверојатниот кам-бек по доаѓањето на Малинков, Пелистер остана на седмото место. Битолчани се препородија во претходните три средби, но немаа сили во продолжението против Еуроникел, но бодовната разлика не е гола, споменатата тројка им бега со два бода.

Дебитантот Академија ФМП, може да биде задоволен има три победи и осум порази, се наоѓа на подобра позиција од Вардар, тим кој има стаж во Првата лига, но кој има само една победа.

Младиот тим на МЗТ Скопје нема ниту една победа, со 11 порази е на последното место на табелата, но тоа е најмалку важно. Целта е младите момчиња да собираат искуство.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата