Во Германија во последните 24 часа бројот на заболени од коронавиурс пораснал за 1.775, што е незначителен раст на заразени по два дена опаѓање на бројот.

Вкупниот број на заразени изнесува 143.457, наведува агенцијата Ројтерс.

Во изминатите 24 часа починале 194 лица, така што вкупниот број на жртви во Германија е 4.598.

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера остро ги критикуваше дискусиите што се појавија низ Германија за ублажување на рестриктивните мерки воведени за ограничување на ширењето на пандемијата на коронавирус.

Меркел изрази загриженост дека постигнатиот напредок во намалувањето на ширењето на инфекцијата може да биде поткопан од фактот дека малкумина ќе се придржуваат кон мерките за социјална оддалеченост.

извор: Makfax