Во Германија, во текот на минатата година, регистриран е поголем број на жители со странско потекло за 4,4 проценти, односно 19 милиони лица, соопшти германскиот завод за статистика.

Во соопштението се наведува дека 51 отсто од овие граѓани имаат германско државјанство. Под странско потекло се подразбира доколку граѓанинот не е роден на германско тло или еден од неговите родители е роден во странство.

Во оваа група набројни се Турците (2,8 милиони), понатаму Полјаците (2,1 милиони), Русите (1,4 милиони) и Казахстанците со 1,2 милиони лица.

Во Германија живеат околу 82 милиони луѓе.

извор: Makfax