Бразилецот Родриго Алвес (35) ,кој стана познат како човечки Кен, а потоа имаше повеќе операции за да стане Барби, беше во Лондон за време на изолацијата. Тој се упати кон аеродромот „Хитроу“ за да отпатува за Бразил и повторно да биде заедно со семејството.

Папараците го фатија како шета низ аеродромот во тесен син фустан, кој ги истакнува неговите облини, со кои се гордее по сите операции. Таа комбинација ги потенцира неговите гради и тесната половина. Родриго одвај чекаше повторно да го види своето семејство, особено затоа што му беше потребна нивната поддршка по сите операции што ги изврши за да стане она што отсекогаш сакал да биде – жена.

„Дејли мејл“ пишува дека во време на изолација размислувал многу за промена на своето име. Тој исто така призна дека пандемијата го спречила да продолжи со операциите, од кои некои тргнале наопаку.

„Имам лузни на носот. Сакав да го обновам така што ми ја отстранија ‘рскавицата поради тоа. Но, таа пропадна, па не можам да дишам. Сега се обидувам да уживам во животот на поинаков начин, без пластични операции. Се обидувам да бидам среќен без нив“, објасни Бразилецот, кој имаше повеќе од 70 пластични операции.

Но, поранешниот човечки Кен не ја крие својата среќа што неговиот сон, конечно, се оствари и тој стана жена. Иако  фотографиите по операцијата, на кои е неговото отечено и искривено лице, ги соблазнија корисниците на социјалните медиуми во светот, Алвес се гордее.

Родриго би сакал да го ословуваат со „таа“, а најави и промена на родот.

извор: Makfax