x

Поранешниот селектор на Србија и Црна Гора се бори за живот

Поранешниот селектор на Србија Илија Петковиќ е во тешка состојба и се бори за живот, пренесува белградски „Телеграф“. Петковиќ во понеделникот бил примен во Ургентниот центар на Клиничкиот центар во Белград откако му пукнал чир на дванаестопалочно црево и изгубил многу крв.

Со оглед дека за прием во болница мора да се направи тест за коронавирус, утврдено е дека Петковиќ е заразен, а откако му е укажана помош префрлен во одделот за болни од Ковид-19. Белградските медиуми јавуваат дека состојбата на Петковиќ во последните неколку часа се влошила, па тој е приклучен на респираторна машина.

Петковиќ има 74 години и е легенда на ОФК Белград. Како тренер работел во ОФК Белград, Сервет, Арис, Шангај Шенхуа, Инчон, Ал Ахли, Гјонгам. Беше селектор на Србија и Црна Гора од 2000 до 2001 и од 2003 до 2006 година. Кратко работеше и како селектор на У20 селекција на Србија. Во последните години е дел од раководните структури на ОФК Белград.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата