Адвокатoт на поранешниот претседател на Тунис, сменет за време на Арапската пролет во 2011 фгодина, изјави дека Зине ел Абидин Бен Али бил хоспитализиран во Саудиска Арабија.

Тој за радио „Мосаик“ изјави дека неговата ќерка Бен Али го известила дека 83-годишниот поранешен претседател се чувствувал „многу лошо“ по неколкугодишно лекување на рак на простата.

Адвокатот рече дека Бен Али бил во болница во Џеда, пренесува АП.

Најавата на адвокатот следува откако Тунижаните се подготвуваат за претседателските избори в недела.

Ова се втори демократски претседателски избори во Тунис од востанието во 2011 година, кое се случи, како што забележува агенцијата, поради корупција, невработеност и репресија, што го принуди Бен Али да избега.

Бен Али беше осуден во отсуство на неколку затворски казни за кршење на законите за корупција.

извор: Makfax