Мекензи Скот, поранешна сопруга на Џеф Безос и коосновач на Амазон, за четири месеци донираше повеќе од 4 милијарди долари на банки за храна и на фондови за помош во итни случаи, пишува „Би-би-си“.

Во објава на својот блог, госпоѓа Скот рече дека сака да им помогне на Американците кои се во неволја поради пандемијата.

Мекензи Скот е 18. најбогата личност во светот, а нејзиното богатство годинава се зголеми за 23,6 милијарди долари  и изнесува 60,7 милијарди долари.

„Пандемијата ги уништи животите на некои Американци кои веќе беа во тешка ситуација“, напиша таа во својот блог, додавајќи дека избрала повеќе од 380 добротворни организации и дека размислува да им помогне на други 6.500.

извор: Makfax