Поранешната девојка на Германецот Кристијан Брукнер, кој е осомничен за киднапирање и убиство на малата Мадлин Мекен, изјавила дека во една прилика, при излив на љубомора, тој и ја удирал главата од ѕид. Британката се согласи да зборува за злоупотребата под услов да остане анонимна.

Како што вели во 2005 година, тој ја нападнал во тоалетот на барот каде што работела во Алгарве, Португалија, а потоа го искршил прозорецот на нејзиниот стан, се пробил и ја чекал под креветот.

Ја прогонувал и по разделбата, но и покрај сè, за неа било тешко го прифати фактот дека нејзиното поранешно момче е осомничено за случајот со малата Медлин Мекен. Иако тој бил многу шармантен и духовит кога се запознале, но за брзо таа почнала да се плаши од него.

Како што раскажува, ја удирал со главата во ѕид откако ја видел дека се поздравува со друг. Сè што доживеала тогаш, покажува морничава сличност со случајот на исчезнувањето на Медлин Мекен во блискиот град Прјаа да Луз, две години подоцна.

Таткото на девојчето, Гери Мекан претходно изјави дека мисли дека киднаперот се криел зад вратата кога отишол дома во таа судбоносна ноќ во мај 2007 година за да провери дали е сè во ред. Полицијата се сомнева дека натрапникот влегол во нивниот стан преку прозорец.

Анонимната  жена, која сега има 45 години, вели дека била шокирана кога слушнала дека Брукнер е главниот осомничен за киднапирањето на Медлин Мекен.

„До денес, јас одбивав да верувам дека некој со кого бев во врска може да стори нешто толку ужасно и одвратно. Но, сега не сум повеќе сигурна. Ако тој навистина го сторил тоа, тој треба да биде казнет”, рече таа.

Таа реши да зборува, откако беше откриено дека Германецот наводно и соопштил на другата поранешна девојка на вечера дека мора да направи ужасна работа во Праја да Луз, ноќта пред исчезнувањето на малата Меделин: „Морам да го сторам тоа и тоа ќе ми го промени животот. Нема да ме видиш некое време“.

За потсетување Кристијан Брукнер се наоѓал во близина на местото на злосторството еден час пред да биде киднапирана Медлин, разговарал на својот мобилен телефон 30 минути, а од следниот ден повеќе не бил виден во наредните три години.

Британката од Беркшир, која сега реши да зборува, вели дека со Брукнер работеле заедно како келнери во ресторанот Таберна де Лагос во Лагос.

Вели дека иако не и бил симпатичен, сепак во пролетта 2004 година, тие станале пријатели.

„Бев сама во Португалија, малку осамена, и без семејство, а тој човек внимаваше на мене“ вели таа

Кога на почетокот почнаале да се забавуваат, сè било прекрасно и таа честопати ја поминувала ноќта во селска куќа во предградието Праја да Луз, која Брукнер ја изнајмил, на околу еден километар од ресторанот каде што работеле. Ја носел во во ресторани, ја водел на плажата, бирал осамени места. Сè било прекрасно до зимата 2004 година кога го добил првиот напад на љубомора откако таа запознала друг во Лагос.

„Разговаравме и одеднаш тој замолкна, како да виде дух или се сети на нешто. Подоцна, некој ми рече дека Кристијан му се заканувал, затоа што нè виде како разговараме заедно“, вели таа.

Тие започнале да се расправаат во есента, а тој знаел да полудува заради ситници.

„Се сеќавам дека тој еднаш се налути затоа што не ја чистев неговата куќа. Му реков дека имам своја куќа и дека не живеам таму и тој одговори: “Треба да ја исчистиш мојата куќа, ти сте жена”, додава таа.

Иако бил многу љубоморен и посесивен, тој се гледал и со други жени додека бил во врска со неа. Кога пронашла љубовни пораки на неговиот телефон и побарала објаснување, тој потполно полудел.

Таа го опишува непријатниот настан кој се случил во раните утрински часови во Новата 2005 година, во бар Метро во Лагос, каде што работела.

„Тој беше во барот и пијан. Некои навистина убави момци со кои се дружев влегоа во барот, ми посакаа Среќна Нова Година и ме гушнаа. Крис одеднаш почна да дивее низ барот и ме одвлече  пред сите. Ме грабна за врат, ме влечеше во женскиот тоалет и ми ја удри главата од ѕидот. Луѓето се обидуваа да го тргнат, четири големи момци конечно го тргнаа од мене и повикаа полиција“, вели  Британката

Таа додава дека потоа пријателите испратиле до нејзиниот стан.

„Бев сигурна дека некој се криеше таму или беше таму. Ги отворив плакарите и гледа под креветот и го доживеав најголемиот шок во мојот живот. Тој беше скриен таму, лежејќи на грб и гледаше во мене. Се замрзнав. Тој полуде и се однесуваше како сè да е во најдобар ред, се збогува и ја затвори вратата зад себе “, објаснува таа.

Тие се раскинале во 2005 година, откако нашла женска долна облека во неговата торба. После тоа, тој ја прогонувал, одел во ресторанот, ја следел на улица, па некој морал да ја испраќа до дома секоја вечер.

Британката дала изјава во полицијата откако била покрената истрага против Кристијан Брукнер за силување на 72-годишна Американка во Праја да Луш во 2005 година, но таа ја открила поврзаноста со случајот Мадлин Мекен само по драматичното јавно обраќање од страна на британската и германската полиција.

Извор: Курир.рс