x

Поранешен македонски селектор промовираше книга

Авторите и книгите кои се посветени на ракометната игра во екс-Ју просторите може да се избројат на прстите на едната рака, па секој обид да се промени сето ова е достоен за внимание и пофалби.

Драган Ѓукиќ, тренерот со големо искуство и поранешен македонски селектор и предводник на Вардар, ја промовираше книгата  „3-2-1: Враќање кон корените“. Низ 110-те страници се говори за зонската одбрана 3-2-1, книгата е достапна на српски и на англиски јазик.

Промоцијата, која требаше да се одржи овој викенд на семинарот за тренери во Крагујевац, кој одложен поради коронавирусот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата