x

Поранешен играч на Шкупи потпишува за Зрински

Поранешниот играч на Шкупи, стоперот Тони Типуриќ, ја продолжува кариерата во тимот на Зрински. Тој доаѓа во тимот како засилување на стоперската позиција, а во изминатите шест месеци играше на Исланд.

Типуриќ до почетокот на 2019 година играше за Шкупи. Инаку е роден во БИХ, но има австриско државјанство. Интересно, ова ќе му биде прв клуб од неговата родна земја. Во минатото играл во Австрија, Германија, Естонија, Хрватска, Романија, Македонија и Исланд.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата