x

Поранешен играч на Челзи и Барселона со предлог: Четири корнери – пенал

Поранешниот играч на Челзи и на Барселона, Жулиано Белети има интересен предлог за промена на правилата во фудбалот. Тој смета дека поради повеќе голови во фудбалот, треба да се смени некое правило, а предложи и кое.

„Најважната работа во фудбалот се головите, а тие станаа се поретки. Затоа предлагам нешто да се смени во правилата. Еве на пример пеналите се најинтересни. Така, нека воведат правило после секој четврти корнер, да има пенал“, рече Белети.

Неговиот предлог, сепак, веројатно нема да наиде на одобрување со оглед дека во фудбалот не биле прифатени и многу други предлози од далеку попознати лица и тренери кои имале своите предлози.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата