x

Поранешен играч на Барса „распали“: Од Куман не научив ништо, за тој тим ништо не ме интересира!

delofeu

Поранешниот играч на Барселона, Џерард Делофеу „распали“ по каталонскиот тим, но и новиот тренер Роналд Куман. Делофеу работеше со Куман во Евертон, но потоа замина во Милан, и никогаш повеќе не се сретна со него.

„Не знам што би кажал за Куман. Од него не научив ништо, набрзо побарав трансфер и заминав во Милан“, рече крилниот играч.

На прашање што мисли за Барселона, тој одговори изненадувачки:

„Помина долго време откако заминав. Знам дека се во криза. Но не знам повеќе што се случува таму. Едноставно не ме интересира повеќе“, изјави Делофеу.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата