x

Поранешен директор на Каталонците: „Никогаш не би дозволил Кутињо да замине“

Поранешниот технички директор на Барселона, Роберт Фернандез смета дека Филипе Кутињо не требало никогаш да го напушти тимот, и да замине на позајмица во Баерн.

Кутињо дојде во Барселона од Ливерпул во 2018 година за 160 милиони евра, но не оправда ниту половина од тие пари. Често беше на клупата, а сега каталонскиот тим сака и да го продаде.

„Кутињо никогаш не требаше да замине. Тој е добар играч, офанзивец од средината на теренот каков што Барса нема во моментов. Мислам дека за некои играчи е потребно трпение затоа што тие можат со еден потез да одлучат натпревари. Не можам да зборувам од аспект на финансии, но на теренот Кутињо беше вистински професионалец, сака да работи. Тоа е посебен играч. Да се прашував јас, никогаш не би го пуштил“, рече Фернандез.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата