x

Порака од 6.000 км далечина: Таџикистан се моли за Шпанија!

Минатиот викенд во Таџикистан, некогашна република од составот на СССР, а сега земја во која нема проблеми со Ковид-19, почна да се игра фудбалското првенство. Во не така атрактивната лига, и со многу малку гледачи, сепак првенството во таа земја е интересно поради фактот дека е едно од ретките во светот кое се игра во време на коронавирусот.

На мечот меѓу Локомотив и Душанбе, на оградата покрај теренот, имаше интересен транспарент на кој пишуваше: 

„Остани силна, Шпанијо. Таџикистан се моли за вас“. 

Прекрасна порака од 6.000 километри далечина. Да споменеме дека токму Шпанија, заедно со Италија и САД, е најпогодената земја во светот од Ковид-19. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата