x

Поразот од Македонија му беше „шут-карта“: Вајс заврши со Грузија

weiss

Владимир Вајс ја напушта функцијата селектор на репрезентацијата на Грузија. Како што објавил по вчерашниот пораз од Македонија, тој ја напушта позицијата по натпреварот со Естонија.

„Се извинувам за денес. Секако, јас сум одговорен за резултатот, но ова е фудбал, таков е животот. Им се извинувам на сите, на моите играчи, навивачите, федерацијата, Грузија. Македонија постигна еден гол и доволно беше да победи, честитки, денес беше подобар тим. Тоа е многу тажен ден за мене, за сите“, изјави Вајс на пресот.

Словакот беше назначен за селектор на грузиската репрезентација пролетта 2016 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата