x

Поразот во Скопје долго ќе боли, Рашица и Муричи се правдаат!

121317511_1249952312036802_9214962006961127790_n

На Косово уште долго ќе се зборува за дуелот со Македонија, уште долго ќе боли поразот во Скопје и шансата да се игра финале да се оди на ЕП. Иако селекцијата на нашиот сосед утре игра со Словенија, сепак раните од големата пресметка со Македонија се уште се длабоки, се уште не се поминати.

Нивниот селектор Бернард Шаланд, ја доби довербата од федерацијата и останува на клупата на Косово но навивачите на оваа селекција силно удрија по нивните две мега-ѕвезди како Ведат Муричи и Малиот Рашица. Не сториле доволно, не стиснале заби, а морале за да играат за Косово.

„Сите ја знаевме важноста на натпреварот со Македонија и желбата да се биде во тимот беше голема, бидејќи за мене лично тоа ќе беше натпреварот на мојот живот. Но од мечот со Молдавија, не тренирав ниту еднаш со клубот, а имам повреда на коленото (близу 5 недели). Поради тоа ги пропуштив четири официјални натпревари за клубот и овој најважниот со Македонија“, е изјавата на Рашица по нападите дека морал да игра за Косово и да стисне заби.

И Муричи имаше што да каже, периодот зад него сака што побрзо да го заборави…

„Со цело срце сакав нашиот тим на победи. Сите имавме цел да играме во финалето и да одиме на ЕП и затоа сите ние сме сега тажни. Со неопислива желба сакав да бидам на зелениот терен но во серија ми се случија неколку несреќни работи. Прво се појавија болки во грбот од втор степен на стартот на подготовките со Фенербахче. За време на таа пауза направив трансфер во Италија, а од бирократски причини се вратив во Турција. Таму морав да направам и тест за Ковид. Тестот беше позитивен и тоа ми создаде дополнителни проблеми. Влегов во карантин од 14 дена и бев на линија со нашиот селектор. Знаевме дека ова ќе создаде проблем, се вратив во Италија… таму нови тестови и лекарски прегледи. Нов проблем се појави со мускулот. Лекарите проценија дека повредата е сериозна и дека ако не се мирува е можна пауза од 3-4 месеци. Се обидов, се вратив да тренирам, но советите беа да се мирува. И да можев да играм 5 минути ќе играв но вака немаше да бидам јас, немаше да бидам Ведат Муричи. Се надевам дека ќе имме нови шанси за нови успеси“, е долгиот став на Муричи кој начави дека чувствувал одговорност да се обрати јавно по низата критики кои стигнале по поразот од Макеоднија во Скопје.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата