Викендов, во периодот од 7:00 до 15:30 часот, во организација на АКК „Примо АВЈ“ – Скопје ќе се одржи спортска манифестација „Автослалом – спретно возење Скопје 2018“ на големиот паркинг на Водно.

Од тие причини ќе биде затворен големиот паркинг на Водно. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

извор: Makfax