На автопатот Гевгелија-Скопје, кај тунелот викан Т2, помеѓу Гевгелија и Неготино, вечерва се случила сообраќајна незгода, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Поради сообраќајката, сообраќајот е во целосен прекин и се пренасочува по стариот пат, додаваат од таму.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

извор: Makfax