Поради силно невреме, хрватската авиокомпанија „Кроација ерлајнс“ беше принудена да го откаже вечерашниот лет од Загреб за Мостар, а поради снег, во целосен застој е сообраќајот на регионален пат во Херцеговина, односно отежнато е движењето на неколку сообраќајници.

Од мостарскиот аеродром за локалните медиуми потврдиле дека летот е откажан поради силното невреме во подрачјето на Мостар. Додале дека откажан е и утрешниот лет на хрватскиот авиопревозник од Мостар до Загреб, објави агенцијата „Хина“.

Дополнителни проблеми за возачите на патиштата во југозападниот дел на БиХ предизвикува и силниот ветер кој создава снежни наноси.

 

извор: Makfax