x

Поради прекинот: Барселона доби парична казна, се заканува затворање на стадионот

Последното „Ел Класико“ заврши без победник, без голови, но не и без инциденти, па Барселона ќе мора да плати поради лошата организација.

Каталонскиот гигант доби казна од 1,5000 евра, но постои закана за затворање на стадионот поради прекинот кој го направија домашните фанови.

Во 55. минута, судијата го прекина натпреварот откако навивачите на теренот фрлија топки на стоеше порака „Седнете и разговарајте“.

 

Според член 101,2 од Дисциплинскиот кодекс, тимот треба да добие парична казна од 3,000 евра и затворање на стадионот доколку на теренот бидат фрлени топки и други предмети за време на одигрување на еден меч.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата