x

Поради корона вирусот, англиски великан губи неделно по 9.000.000 фунти

Веќе со денови се пишува за тоа колку финансиски штети ќе претрпат клубовите поради пандемијата со корона вирусот. Најдобрите англиски клубови се надеваат дека сезоната во Премиер лигата ќе заврши, за да се изгасне финансискиот пожар. Затоа што ако не се случи тоа ќе биде ептен драматично во поглед на финансиските состојби на клубовите поради паузата и прекинот на првенството.

Англиски „Мирор“ денеска пишува дека еден од најголемите англиски клубови (не го наведе неговото име) во текот на паузата седмично губи по девет милиони фунти и дека дупката во буџетот ќе мора да ја покрие со готовински кредит од дури 100 милиони фунти. „Мирор“ наведува и дека челниците на најголемите англиски клубови се фрустрирани, затоа што не знаат дали ќе мора да им враќаат пари на носителите на ТВ правата (околу 750 милиони фунти). Одлуката се очекува до крајот на оваа недела на состанокот на челниците на премиерлигашките клубови.

Според официјалните податоци на УЕФА Арсенал, Манчестер Јунајтед, Сити и Ливерпул издвојуваат најмногу пари за плати на годишно ниво преку 200 милиони фунти. Рекордер е Јунајтед чии трошоци за играчкиот кадар изнесува 283 милиони фунти.

„Ова е огромен шок за целиот систем. Оваа криза веројатно ќе не разбуди. Мораме да седнеме и да размислиме на кој начин понатаму ќе ги водиме клубовите. Приходите ги снема со прекинот на првенството“, порача извршниот директор на Брајтон Пол Барбер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата