x

Поради коронавирусот: Шкотите го поместија финалето на Купот за во декември!

seltik-slika-nova

Конечно падна одлука. Фудбалскиот сојуз на Шкотска денеска ги извести клубовите дека финалето во Купот е поместено за во декември, инаку требаше да се игра на 9 мај, но јасно е дека тоа беше одложено на неодредено време, и тоа поради пандемијата со коронавирусот. Со оглед дека Ковид-19 и натаму беснее во светот, посебно на Островот, одлучено е полуфиналните дуели меѓу Селтик – Абердин и Хартс – Хибернијан да се одиграат на 31 октомври и 1 ноември, додека финалето пак на 20 декември.

Да кажеме дека новата сезона во Шкотска ќе започне на 1 август, минатата беше прекината, а Селтик беше прогласен за шампион.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата