Поради коронавирусот претпазливо одбележани девет години од катастрофата во Фукушима
Јапонија ја одбележа деветтата годишнина од катастрофалната природна непогода и нуклеарниот инцидент во Фукушима, но официјалната комеморација и бдеењето се откажани поради страв од ширење на коронавирусот.
Земјотресот и цунамито на 11 март 2011 година ја предизвика најголема нуклеарна катастрофа по Чернобил во централата Фукушима, 220 километри североисточно од Токио.
Во земјотресот и цунамито загинаа речиси 15.900 лица, а околу 2.500 и понатаму се водат како исчезнати. Поради нуклеарната катастрофа, над 72.000 жители беа иселени од трите најмногу настрадани области – Мијаги, Фукушима и Ивате.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе и други владини претставници присуствуваа на малата меморијална церемонија каде одржаа едноминутно молчење, седејќи на столчиња оддалечени еден од друг, пренесува АП.
извор: Makfax