Почина лекар од Тетово поради компликации предизвикани од коронавирусот, а неговите колеги изразуваат сочувсто на Фејбсук.

„Мојот драг колега др. Владимир Евтимовски му ја предаде својата душа денеска на Господ Севишен, служејќи им на своите пациенти и во најтешките моменти! Почивај во мир драг пријателу! Секогаш ќе ни недостигаш!, вели неговиот колега од Тетово Арѓент Имери, радиолог и субспецијалист по дијганостика на дојка и изразува сочувство на Фејсбук.

Македонија и денеска има застрашувачки бројки на починати и новозаразени, пред малку Министерството за здравство објави дека починале 14 пациенти, а 1.285 се новозаразени.

ПлусИнфо.мк