x

Поради „Ковид-19“, нови два НБА-тима ги затворија тренинг-центарите

Тимот со најдобар скор во НБА-лигата пред прекинот поради пандемијата коронавирус, Милвоки Бакс, одлучи да го затвори тренинг центарот поради појава на „Ковид-19“ во клубот, на ист чекор се одлучи и Сакраменто.

Бакс и Кингс ги затворија своите сали, откако ги добија резултатите од последните тестирања, засега нема информации дали станува збор за играчи или пак за членови во администрација.

Од таборот на Милвоки соопштија дека салата нема да биде отворена до заминувањето на Флорида кое е предвидено за во четврток.

Претходно тренинг-центарот поради коронавирус го затворија, Бруклин, Денвер, ЛА Клиперс и Мајами.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата