x

Поради Ковид-19: МЗТ Скопје отпатува на Златибoр без еден од помошниците на Кочов!!!

kocov

Одново коронавирус во МЗТ Скопје Аеродром, и тоа одново во стручниот штаб на шефот Ѓорѓи Кочов. Имено како што дознаваме поради фактот дека е позитивен, еден од неговите најблиски соработниц, не отпатува заедно со останатиот дел од експедицијата на “металците“ на Златибор каде утре почнуваат натпреварите во АБА 2.

Кога сме кај Златибор и турнирот кој ќе се одржи во “балон“, нешто слично како и во НБА, истиот стартува утре и ќе трае до 18 ноември. Во овој период ќе се одржат првите четири кола од регионалната втора лига. МЗТ Скопје Аеродром својот прв меч ќе го има во вторник и тоа против Подгорица

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата